Мицкоски: Јас ќе му кажам на Рикер кој ги игра политичките игри

„Ќе имам можност за неколку часа од сега да му кажам на господинот Рикер кој игра политички игри и детално да го образложам тоа. А господинот Рикер, како искусен дипломат, слушајќи ги двете страни се надевам ќе донесе правилна одлука“,  рече Мицкоски.

Во однос на предметите на СЈО, Мицкоски предложи сите предмети до 30.06 2017 година, наместо да бидат преземени од новото обвинителство, да бидат преземени од државниот јавен обвинител, во фаза во којашто моментално се наоѓаат и да се прераспределат во соодветниот сектор, онаму каде што припаѓаат.

За опозицијата неприфатливо е и Катица Јанева да биде унапредена во републички јавен обвинител, бидејќи, како што рече Мицкоски, таквиот чекор би бил неправда кон останатите обвинители во земјава.

Треба да знаете
Последни објави