ОБСЕ: За судбината на Националниот театар страните треба да ја чекаат одлуката на Уставниот суд

Генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, за време на престојот во Тирана, порача дека за судбината на Националниот театар страните треба да ја чекаат одлуката на Уставниот суд, јави дописничката на МИА од Тирана. Пораката е содржана во одговорот на Гремингер на барањето на Алијансата за заштита на театарот да прими нивни претставници. Откако објаснува дека набиената агенда не му дозволува друга средба освен планираните, тој наведува дека сите страни треба да ја чекаат одлуката на Уставниот суд на Албанија па потоа да делуваат.

– Со оглед на последните случувања, посебно што претседателот на Републиката поднесе барање до Уставниот суд во врска со закон за изградба на нов Национален театар, сите страни мора да ја чекаат одлуката на Уставниот суд па потоа да продолжат со ова прашање, стои меѓу другото во одговорот на Гремингер.

Посочува дека формирањето функционален правосуден систем, заедно со двете високи судски инстанци, Уставниот и Врховниот суд, претставува прв неопходен чекор за оценување на прашањата од јавен интерес.

-Како што веќе рековме, без нормално разгледување од страна на Уставниот суд секоја акција против зградата е нелегална и кривична, пишува во одговорот.

Алијансата за заштита на театарот изрази благодарност до Гремингер за неговата комуникација и додава дека локалните институции треба јасно да ја слушнат „неговата кристално јасна порака”.

Треба да знаете
Последни објави