Саем „Фолк Фест” во ГТЦ

Во Градскиот трговски центар денеска се одржува саемот „Фолк Фест”, каде посетителите имаат можност да видат и да набават традиционални ракотворби, направени од жените од североисточниот регион на Северна Македонија и од југоисточниот регион на Косово.

Саемот, што е дел од активностите на преку-граничниот проект „Вмрежување за успех” , финансиран од Европската Унија, е организиран од страна на Советот за родова рамноправност.

– Преку мешавина на разни мотиви и бои, посетителите можат да видат дека и покрај разликите, се уште има голем број аспекти кои нè поврзуваат. Од друга страна, саемот исто така ќе служи како мрежен настан меѓу занаетчиските бизниси со цел да се добие инспирација и да се споделат заеднички интереси, наведоа организаторите.  с

Треба да знаете
Последни објави