Ќерката на Ума Турман и Итан Хок има 21 година и е вистинска убавица

Соработката меѓу режисерот Квентин Тарантино (56) и актерката Ума Турман (49) влезе во филмската историја, па режисерот одлучи да ја ангажира нејзината ќерка Маја Хок (21), која ја доби во брак со холивудскиот заводник Итан Хок (48).

Маја игра во новиот филм на Тарантино „Беше еднаш во Холивуд”, каде што се појави и Адријана Лима целата во црвено, а на премиерата во Лос Анџелес се појави во секси костим и корсет.

Маја е вистинска убавина, а изгледот дефинитивно го наследила од Ума, но и од таткото кој важи за вистинскиот шмекер од почетокот на неговата кариера.

Мајката и ќерката ги имаат истите убави сини очи, а Тарантино направи одличен избор ангажирајќи ја младата актерка.

Треба да знаете
Последни објави