Ги убил таткото, братот и две други лица, уапсен по 12 часа брканица со полицијата

Дваесетишестгодишно момче од Лос Анџелес го уби својот татко, брат и уште две лица, а бил уапсен по 12 часовна потера, пренесе Ројтерс.
Полицијата го идентификуваше осомничениот како Џери Зарагоза.

Според информациите од медиумите, пукотниците започнале во 2 часот по полноќ, по локално време, во станот, во кој осомничениот живеел со своите родители.

Како што се наведува, осомничениот 45 подоцна на бензиска убил и некое друго лице што го познавал. Некои медиуми пренесуваат дека се работи за негова поранешна девојка.

Пукал и на вработен на бензиската пумпа, кој, како што се наведува, е во тешка состојба пренесен во болница, а потоа и во човек кој се обидел да ограби банкомат.
Пред да биде уапсен, Зарагоза убил уште еден маж во автобус.

Треба да знаете
Последни објави