Претседателот Стево Пендаровски сподели фотографија на социјалните медиуми на која Израелскиот амбасадор, Дан Орјан, стои на една рака во неговиот кабинет, со коментар дека вежбањето е не само важно туку и забавно.
Објавувајќи ја истата фотографија подоцна на својот Фејсбук профил, објаснувајќи дека за овој чекор се решил во насока на промоција на изложбата “Скокаме заедно”, со која се подржува инклузија во општеството.
“Доколку морам да стојам на раце за да ја промовирам идејата за инклузија и партнерство со луѓето со попреченост, подготвен сум повторно да го направам тоа”-објави на својот фејсбук профил амбасадорот на Израел.