Ким Бесинџер негодува поради голата фотографија на нејзината ќерка

Ќерката на Алек Болдвин (61) и актерката Ким Бесинџер (65), Ирланд Болдвин (23) на социјалните мрежи пред неколку дена објави фотографија на гола жена која  лежи на кревет на стомак.

„Моментно расположение”, напиша таа под фотографијатата, алудирајќи на тоа колку е уморна.

https://www.instagram.com/p/B0KrmVsHEIj/?utm_source=ig_web_copy_link://

Фотографијата предизвика воодушевување кај дел од нејзините обожаватели, но на некои не им се допадна. Една од нив е мајката на Ирланд, Ким.

„Што? Што ??? Каде ??? Каде ??? Кој ???“,  ѝ напиша Ким, која на почетокот мислела дека на фотографијата е нејзината ќерка.

Ирланд мораше да објасни во коментарите дека голата жена на фотографијата не е таа, туку починатата актерка Роми Шнајдер.

Треба да знаете
Последни објави