Поранешниот возач на Хазби Лика се самоубил

Тетовецот Ф.Т.(57),кој утринава беше пронајден мртов во својот автомобил, на плоштадот во тетово извршил самоубиство, информираа од полицијата.

Телото било најдено од страна на неговиот син на крстосницата на улицата Киро Ристовски-Дрнц и Андреа Стојановиќ во Тетово, а на прозорецот од автомобилот имало дупка од огнено оружје.

-Извршен е увид од страна на екипите на СВР Тетово и јавен обвинител по што е констатирано дека станува збор за самоубиство на лицето Ф.Т (57). Самоубиството е потврдено и од јавниот обвинител, информираат од СВР Тетово.

Убиениот е поранешен возач на Хазби Лика и во моментот беше вработен во Секторот за урбанизам во општина Тетово.

 

Треба да знаете
Последни објави