Во општинското основно училиште Петар Здравковски-Пенко, се врши реконструкција на подот на фискултурната сала, комплетно се менува подлогата и се поставува нов висококвалитетен буков паркет на површина од 265 метри квадратни.

Заради подобрување на енергетската ефикасност за време на летниот и зимски период, во ова основно училиште се врши промена на старите дотрајани со нови портал прозори и врати од ПВЦ шест коморен профил и термопан стакло.
Реконструкцијата е финансирана од буџетот на општина Бутел.
