Скат: Потребни се големи напори за продолжување на дијалогот Белград – Приштина

Американскиот амбасадор во Србија Кајл Скат изјави дека го дели мислењето на српскиот претседател Александар Вучиќ дека само по мирен пат може да се придонесе за стабилност во регионот.

Скат во интервју за РТВ Панон рече дека е потребно да се вложат големи напори за да продолжи дијалогот помеѓу Белград и Приштина.

Тој потсети дека српско – американските односи потекнуваат од времето кога српското и американското знаме заедно се вееле на Белата куќа во 1918 година, оддавајќи им почит на жртвите од Првата светска војна.

– Односите помеѓу двете држави се нарушија за време на југословенските војни во 90-те години, но денес односите помеѓу Вашингтон и Белград се повторно пријателски, благодарение на поддршката од американскиот Фонд за развој.

Треба да знаете
Последни објави