Џенифер Лопез за 50 роденден доби „порше“ од дечкото

Џенифер Лопез вчера наполни 50 години. Роденденската забава беше одржана на островот Стар Ајланд, во Мајами, а ја одбележаа екстравагантни подароци, златни украси и Версаче фустан.

Лопез на забавата пристигнала во црвен Porsche 911 GT3 вреден околу 140.000 долари – подарок од нејзиниот вереник Алекс Родригез.

Алекс на неговиот Инстаграм профил сподели дел од роденденската атмосфера со луда и незаборавна забава. Родригрез ја почести својата вереница и со емотивно кратко видео кое ги содржи сите нивни поважни заеднички моменти.

Треба да знаете
Последни објави