„Милошоски ја злоупотреби собраниската говорница и пратеничките прашања, за бесрамно да шири лажни вести што и официјално беа демантирани. Почесниот Конзулат на Белорусија во Република Северна Македонија официјално ја демантираше лажната вест на Милошоски дека наводно бизнисмен од Битола бил рекетиран и барал помош во амбасадата на Република Белорусија во Белград“, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
За таквата бесрамна лага на Милошоски, додаде тој, во официјалното известување од почесниот конзулат на Република Белорусија е наведено дека сè што било искажано е лага.
„Ваквото однесување на Милошоски е неодговорно и недостојно на функцијата што ја извршува. Но ова не е првпат Антонио лажни вести Милошоски да ја лаже и манипулира јавноста. Неодамна, тој излажа дека дури седум земји членки на Европската унија биле против тоа нашата држава да ги започне преговорите со Унијата. Таа лага веднаш беше демантирана од високи претставници на ЕУ“, рече Костадинов