Голем пожар избувна кај Шибеник, граѓаните евакуирани
Голем пожар избувна кај Шибеник. Годинава тоа е најголем пожар на подрачјето на Хрватска и е прв во кој се ангажирани и припадниците на војската. При гасењето на пожарот бил повреден еден пожарникар, кој се наголтал чад и по укажаната помош е пуштен дома, јавува хрватски Индех.
Во моментов на терен се околу 150 пожарникари кои во текот на ноќта ќе се ангажираат да ги спасат куќите од огнената стихија. Се очекува ангажман и на дополнителни противпожарни сили.
Целото подрачје на Дубрава е без електрична енергија.
Пожарот на подрачјето на јужна Дубрава кој пламнал околу 13.30 часот зафатил километри густа борова шума. Воздушните сили морале да се повлечат откако се стемнило, а пожарникарите и војската на терен се борат со пожарот кој е на голема површина.
Поради пожарот два часа била затворен автопатот кај Шибеник.