Контроверзни изјави на Борис Џонсон

Потсетување на изјавите кои новиот британски премиер Борис Џонсон ги давал за американскиот претседател Доналд Трамп, за шефот на руската држава Владимир Путин, за велосипедите и за Брегзит.

– Поголеми се шансите повторно да се родам како маслинка или со фризби да ми ја откинат главата, отколку да станам премиер, повеќе пати изјавувал Џонсон.

На новинарско прашање дали би сакал да биде премиер на Велика Британија, тој одговорил: „Би сакал да сум … Пејач во позната рок група”.

Но и покрај својот скептицизам, Борис Џонсон пред неколку дена официјално стана токму она што „најмалку” очекуваше – премиер на Велика Британија.

Некогашниот британски министер за надворешни работи, градоначалник на Лондон и новинар, чии текстови поттикнувале дискусии, застана на говорница пред седиштето на Владата во Даунинг стрит, порачувајќи: „Моја работа е да им служам на луѓето”.

За 18 години откако од новинарство официјално преминал во политика, Џонсон направил и кажал многу работи – како функционер, а често и во острите колумни за кои секогаш наоѓал време.

Ова е потсетување на некои моменти и спорни изјави, кои ја обележија неговата досегашна кариера.

Џонсон беше еден од предводниците на кампањата за напуштање на ЕУ на референдумот во 2016 година. Стана познат по нападите на ЕУ и истакнување на бенефитите од Брегзит.

Но, Борис Џонсон секогаш не го зборувал истото. Додека бил градоначалник на Лондон, често зборувал за предностите на единствениот пазар, а во текстот кој во 2013 година го напишал за „Дејли Телеграф” заклучил дека излезот од ЕУ нема да ги реши проблемите на Британија.

Едно од најконтроверзните тврдења секако било тоа колку пари Британија испраќа во ЕУ.

Бројката од 350 милиони фунти неделно, која во текот на кампањата била истакната на автобусите, за малку ќе го испратела пред суд. Критичарите тврдеа дека бројките се погрешни, бидејќи в предвид не бил земен британскиот рабат, ниту пак парите кои дополнително се трошени во земјата.

Преземајќи ја функцијата од Кен Ливинстон во 2008 година, Борис Џонсон беше градоначалник на Лондон до 2016 година. Тоа воедно е и политичка функција на која останал најдолго.

Често зборувал за најголемите достигнувања – намалување на стапката на криминалот, подобрите услови за домување и транспорт.

Стапката на убиства во Лондон за време на мандатот на Џонсон од 22 лица на еден милион жители се намалила на 12 лица, но во текот на првата една година бројот на нападите со нож се зголемил за 15 отсто. Состојбата почнала да се подобрува од 2012 година.

Се ослободи од старите автобуси, изјавувајќи дека се премногу гломазни за тесните лондонски улици и воведе нови – Рутмастер даблдекери, многу поскапи од класичните. Граѓаните се жалеа на прозорците кои не можеле да се отворат, како и на проблемите со хибридните мотори.

Но, она што секако го обележи неговиот мандат, кога станува збор за сообраќајот, е т.н. Борис Бајк, велосипедскиот план претставен во 2010 година.

Џонсон често сам возеше велосипед до работното место, бројот на изнајмени велосипеди се зголеми на 10,3 милиони во текот на последната година од неговиот мандат, но исто така се зголемија трошоците за одржување – 11 милиони фунти годишно.

Иако не почнаа најдобро, Трамп и Џонсон моментно, ако веќе и не се најдобри пријатели, секако се воодушевуваат еден на друг.

Трамп во 2015 година изјави дека одредени делови на Лондон не се за посетување, што го разлути тогашниот градоначалник, кој истакна дека Трамп не е подобен за функцијата претседател на САД.

Само четири години подоцна, минатиот месец, работите се променија и Џонсон изјави дека Британија може многу да научи од американскиот претседател.

Минатиот месец Џонсон, исто така, изјави дека во Русија има премногу моќ во рацете на „олигарсите”, а коментарот на Путин дека либерализмот е мртов го нарече „ноторна глупост”.

Во колумна од 2006 година напиша: „Веќе десет години, ние ториевците сме навикнати на канибалистички оргии и убивање официјални лица во Папуа Нова Гвинеја”. Подоцна изјави дека е подготвен да ја стави Папуа Нова Гвинеја „на сопствената долга листа за извинување”.

Претходно, во 2002 година, непосредно пред посетата на тогашниот премиер Тони Блер на ДР Конго, Џонсон во колумна за „Дејли Телеграф” напиша: „Нема сомнеж дека пушките ‘калашников’ ќе се смират, ножевите ќе престанат со сецкање човечко месо, а племенските борци со насмевки како лубеници ќе го пречекаат големиот бел шеф…”

Неговиот текст е опишан како расистички и предизвика бурни реакции. Џонсон се извини шест години подоцна, кога се кандидираше за градоначалник на Лондон.

Во еден период, откако поднесе оставка на функцијата министер за надворешни работи, Џонсон е обвинет за исламофобија, поради изјавата дека муслиманките кои носат бурки „наликуваат на поштенски сандачиња”.

Џонсон во колумна за „Дејли Телеграф” напиша дека е против забраната за покривање на лицата на јавни места, но дека е „смешно” што луѓето воопшто ги носат. Извинувањето и овојпат го немаше.

Борис Џонсон сега ќе се обиде за неколку месеци да го направи она што неговите претходници не успеале за неколку години.

Изјави дека е сигурен оти Велика Британија „ќе успее успешно да излезе од ЕУ” на 31 октомври.

Потоа додаде: „Нема да чекаме 99 дена”.

– Народот доволно чекаше и време е да дејствуваме, да покажеме дека имамо силно лидерство, истакна новиот британски

 

 

Треба да знаете
Последни објави