Вистинска трагедија се случила утрово во близина на Шабац, кај селото Табановиќ кога автомобил „форд фиеста“ излетал од патот и удрил во столб за јавно осветлување. Во страшната сообраќајка загинаа три девојки и момче, а девојката која го возела „фордот“ е тешко повредена. Таа веднаш била пренесена во болницата во Шабац.
На местото на несреќата загинале Ивана Богуновиќ(20), Сара Лолиќ (18) и Миодраг Јовичиќ (19) од соседното село Мачвански Причиновиќ, како и Тања Лацковиќ(18) од Богатиќ. Автомобилот го возела Мја Лолиќ(20) сестра на загинатата Сара. Тие околу 4.30 часот се враќале од Шабац каде ја поминале вечерта во град.
Според очевидците, глетката била страотна. Делови од мозок, откинати раце и нозе на загинатите биле разлетани околу автомобилот, дел завршиле на оградата од куќата во близина. Во „фордот“ на седиштето биле фармерките кои испаднале од починатиот.
Двајца од умрените беа 18, а двајца беа 19 – сите беа од истото место, Мачановски Причиновиќ.
Очевидците велат дека ги разбудил тап удар и искрењето од далноводот на кој бил закачен столбот.
– Брат ми ме разбуди затоа што прв пат го чул ударот. Ужас! Телата беа на сите страни. Едната девојка лежеше на едно место, другата 20 метри подалеку. Двајцата беа во автомобил, а единствено девојката што возеше беше жива, но таа не знаеше каде е од шок – вели Милан Илиќ, еден од првите што се обидел да им помогне на жртвите.
Кога сфатил што се случува, го онеспособил акумулаторот за да не се запали автомобилот.
– Не можев да излезам, вели Драгица Илиќ, пред чија куќа се случи несреќа.
Таа сепак беше единствената која разговарала со преживеаната девојка чија сестра загина. Несреќницата седела пред куќата, свесна.
– И дадов вода, а таа ми вели да одам и да видам дали е жива сестра ѝ. Јас ѝ велам дека ми е страв и не можам, зборува видливо потресената Драгица.
Таа, исто така, опиша како изглед моментот кога се случила несреќата. Вели дека ударот бил толку силен што паднала од креветот.