Јанева наредила бришење на компјутерите во СЈО

Првиот човек на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева побарала од вработените во ИТ-секторот да спроведат т.н. „форензичко бришење“ на компјутерите во обвинителството, дознава „360 Степени“ од извори во СЈО.

Наредбата од Јанева била дадено усно и, според изворите на „360 Степени“, веќе биле преземени подготвителни активности за да се спроведе. Постапката требало да ги опфати сите компјутери во ова обвинителство.

Јанева, пак, иако најави пред 12 дена,  не ја испратила оставката до Советот на обвинители кој треба да ја верификува. Таа даде услов дека ќе го напушти СЈО кога ќе изберат нејзин наследник, што најверојатно ќе се поклопи со терминот кога всушност и истекува мандатот 15 септември. Патем порача и дека се повлекува за да не влијае на истрагата за „Рекет“.

Треба да знаете
Последни објави