Познатиот комичар и актер, Еди Марфи, по 30 години се враќа на тоа што најдобро го прави. Во средината на 80-ите тој беше најпопуларен стенд-ап комичар во САД, но холивудската кариера го оддалечи од сцената.
Актерот ќе се врати на стенд-апот, а има и одлична причина за тоа. „Нетфликс“ му понудила 70 милиони долари за снимање на серијал.
Во гостувањето во веб серијалот „Comedians In Cars Getting Coffee“ кое го води Џери Сајнфилд, Марфи рекол дека е време за враќање.
„Занеш дека луѓето ги излудува фактот дека не правиш стенд-ап? Свесен си за тоа?“, го прашал Сајнфилд.
„Ќе почнам пак со стенд-ап, ама сè мора да биде совршено“, рекол Марфи кој ќе мора да го смени репертоарот на своите шеги. Во осумдесеттите години беше вообичаено да се провоцираат национални и сексуални малцинства и жените, но денеска поради тоа би можел да се најде во големи проблеми.
ТМЗ пренесува дека „Нетфликс“ му понудиле неверојатни 70 милиони долари за серија стенд-ап специјали.
Филмот „Eddie Murphy Raw“, чиј буџет изнесувал осум милиони долари, заработил 50, 5 милиони и со тоа стана најуспешен стенд-ап филм на сите времиња.