Нови 50 корпи за џебен отпад низ Карпош

 

Корпите беа поставени во неколку населби: во Козле (долж ул. „Јуриј Гагарин“), во Тафталиџе 2  (на ул. „Женевска“ и во близина на зградата на ЗЕЛС), во Карпош 4 (околу „Љубљанска“), како и во дворовите на основните училишта „Братство“ и „Димо Хаџи Димов“. Ја користиме оваа пригода уште еднаш да напоменеме дека, овие корпи се наменети исклучително за џебен, поситен отпад. Затоа се со мал отвор, како би се спречило фрлање на домашен отпад, што за  жал претставува пракса во одредени населби. За таа намена, домашниот отпад треба да се фрла во големите контејнери за кои се задолжени екипите од ЈП Комунална хигиена –  Скопје.  Свесни сме дека постои потреба за поставување и обнова на повеќе вакви корпи за отпадоци. Токму затоа, до крајот на годината, ќе следи уште една серија на поставување на корпи за џебен отпад и специјализирани корпи за отпушоци. Општина Карпош продолжува со интензивните активности за  заштита на животната средина и правилно одлагање на отпадот за кој локалната самоуправа има надлежност.

Треба да знаете
Последни објави