Млад 23-годишен Палестинец им подлегнал на повредите што ги здобил од израелските војници во источна Газа, потврди синоќа Министерството за здравство во Газа, јави ДПА.
Портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ашраф ал-Кедра, потврди дека младиот Амхам ал-Кара починал во болница откако бил застрелан во стомакот.
Ал-Кара бил сериозно повреден за време на протест во Појасот Газа во непосредна близина на границата со Израел.
Портпалорот на израелската армија рано утринава соопшти дека 5.500 лица учествувале во протестот на границата со Изарел и дека демонстрантите врз израелските војници фрлале гранати и експлозивни направи.
Тој појасни дека војниците реагирале согласно своите правила.
Портпаролот на Министерството за здравство во Газа соопшти дека за време на судирите биле повредени 56 Палестинци. Меѓу нив биле и 22 деца и три жени. Сите поврдени биле префрлени во болница.
Палестинските демонстранти уште од март 2018 година секоја недела излегуваат на улиците на Газа во знак на протест поради блокада што Израел и Египет ја спроведуваат во Појасот Газа, појаснува ДПА.
Според податоците на Министерството за здравство во Газа, од почетокот на протестите во 2018 година убиени се повеќе од 300 Палестинци, а илјадници други се повредени.