Превентивна кампања на СВР Охрид: ,,Лето без пожари“

Секторот за внатрешни работи Охрид, преку отсекот за превенција, а во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и Територијалната противпожарна единица Охрид,  денеска и утре ќе ја реализираат превентивната кампања ,,Лето без пожари“. За таа цел, вечерва (27.07.2019) од 19 часот, на градското пристаниште ќе биде изведена показна вежба и демонстрација на опремата со која располага ППЕ и ДЗС, а на поставените штандови ќе се делат флаери, брошури и друг едукативен материјал за превенција од пожари на отворен простор. Кампањата ќе продолжи утре од 09 до 11 часот на плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот.

Треба да знаете
Последни објави