Речиси еден милион муслимани пристигнаа на аџилак во Саудиска Арабија

Речиси еден милион муслимани дојдоа во Саудиска Арабија од странство за да учествуваат на овогодишениот аџилак. Како што пренесуваат локалните медиуми, досега во Саудиска Арабија пристигнале 926.726 аџии. Од нив, повеќе од 881.000 пристигнале со авион.

Минатата година, над 2,3 милиони муслимани ја посетија Саудиска Арабија. Да се посети Мека и да се оди на аџилак барем еднаш во животот, е должност на секој полнолетен муслиман. Обредот за аџилак се одвива секоја година, во периодот од 8 до 12 Зул-хиџеа, или последниот месец во линарната година.

Со оглед дека на аџилак во Мека секоја година се собираат муслимани од сите страни на светот, аџилакот претставува еден од најбројните собири на светот.

Треба да знаете
Последни објави