Ќерката на ловецoт на крокодили се сврши во зоолошката градина на нејзиниот татко

Бинди Ирвин (21), ќерката на најпознатиот ловец на крокодили, починатиот австралиски зоолог Стив Ирвин, се сврши на нејзиниот 21. роденден.

Ужасната смрт на татко ѝ ја остави во шок кога имала само осум години. Познатата телевизиски ѕвезда Стив Ирвин трагично загина додека ја снимаше серијата „Најопасните животни во океанот”. Додека нуркаше го боцна смртоносна ража и почина на самото место.

Неговата единствена ќерка, Бинди, се сврши со своето момче во зоолошката градина каде што нејзиниот татко беше директор. Интересно е што својот избраник го запознала исто така во зоолошката градина.

„На мојот роденден ѝ реков ‘да’ засекогаш на љубовта на мојот живот. Чендлер, јас се вљубив во тебе пред шест години, и оттогаш секој ден беше луда авантура и вистинска среќа”, напиша Бинди на „Твитер“, каде што ја објави среќната вест.

Бинди вели дека нејзиниот татко сигурно би бил задоволен од нејзиниот избор на човекот со кого ќе го помине остатокот од својот живот.

Треба да знаете
Последни објави