Oпштинската организација на СДСМ Гази Баба се приклучува на големата еко акција за чистење

Денеска општинската организација на СДСМ Гази Баба, како и останатите општински организации на СДСМ во Град Скопје се приклучува на големата еко акција за чистење на нашиот град.

Преку овој пример покажуваме дека грижата за чистотата, за здравата животна средина, за чистиот воздух во нашиот град мора да тргне првенствено од нас.

Во моментов, го расчистуваме кејот на реката Вардар во населбата Ќерамидница, а други екипи ги расчистуваат другите делови од општината.

Ги повикуваме сите жители на Скопје, во местата каде живеат, да се приклучат во еко акцијата и со свој пример да дадат придонес во чистењето на градот.

Истовремено, оваа акција ја користиме и да апелираме на совесност од секој поединец за зачувување на здрава животна средина.

Да се грижиме за нашата општина, да се грижиме за нашиот град.

Треба да знаете
Последни објави