ВМРО-ДПМНЕ се тие кои 11 години манипулираа со вработените во градинките и вработените во системот на социјална заштита. За време на криминалото и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ голем број вработени во градинките беа свесно оставани да работат под договор на дело, не се даваа решенија за вработувања, а вработените во градинките често беа уценувани и манипулирани пред избори. За разлика од таквиот однос, денес Владата предводена од СДСМ и Министерството за труд и социјална политика на дело покажуваат вистинска грижа за вработените во детската и социјалната заштита. Со јунската плата стручниот кадар во градинките доби зголемување во просек од 16 % што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен. 3.138 вработени во градинките сега земаат за околу 3.000 денари плата. Истовремено, повисоки плати за над 4.300 денари добиваат 1770 вработени во секторот социјална заштита.
ВМРО-ДПМНЕ да учи како се унапредува системот за детска заштита. За само две години отворени се 24 нови градинки и обезбедени се 1.400 согласности за вработување во градинките.