Еден рудар загина, а двајца рудари вработени во рудникот за олово и цинк, „Булмак- Минстрој”, поранешна Тораница се повредени при минирање на јама.
Според официјалните првични информации од Секторот за внатрешни работи Куманово, несреќата во рудникот се случила денеска околу 13 часот, а во Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка е пријавена во 14:20 часот.
Во несреќата загина Б.М. (57) рудар од Крива Паланка, а повредени се Ј.М. (30) и А.Н. (32).
Од СВР Куманово информираат дека се уште трае увидот на местото на настанот.