Едногодишните близнаци Феникс и Марица, биле на задното седиште од автомобилот, кога татко им ги оставил пред болница во Њујорк каде работел како социјален работник. Родригез ѝ рекол на полицијата дека не знаел дека тие се во возилото.
Автомобилот го оставил во 8 часот, а се вратил во 16 часот. Дури кога тргнал сфатил дека децата се внатре во автомобилот. Излегол и почнал да вика. Лекарите не можеле ништо да сторат. Полицијата го привела таткото за смртта на двете деца, кои неодамна го прославиле нивниот прв роденден.
„Ова е голем шок за нас. Неодамна имаа забава во нивниот двор, на која го прославија нивниот роденден. Имаат и четиригодишен син. Никогаш не сум видел да ги занемаруваат децата, ниту да ги пуштаат надвор без надѕор. Беа добри родители. Како сега да живеат со ова?“ рекол еден сосед за „Њујорк Пост“.
Во Америка секоја година во просек умираат 38 деца, кои остануваат заробени во автомобилите.