Луис Хамилтон ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за Големата награда на Германија, која ќе се вози на Хокенхајмринг.
Возачот на Мерцедес со време 1 час 11 минути и 767 стотинки ја постигна својата четврта годинешна пол-позиција, односно 87-а во својата кариера, со што стана најголемиот фавори за победа на утрешната трка.
Втор на утрешната трка ќе стартува Макс Верстапен, додека зад него ќе стартува Валтер Ботас. Фијаско доживеа тимот на Ферари, откако поради технички проблеми Себастијан Ветел не успеа да обезбеди пласман за главната трка, додека Шарл Леклерк ќе стартува 10-ти.
Во стартната 10-ка за утрешната трка која почнува во 15 часот и 1о минути се наоѓаат уште и Пјер Гасли, Кими Рајконен, Ромаин Гросјеан, Карлос Саинц, Серџо Перес и Нико Хулкенбер.