Луис Хамилтон тргна од пол-позицијата и важеше за огромен фаворит на денешната трка за ГН на Германија. Светскиот првак неочекувано потфрли, па по трката не можеше да го скрие разочарувањето од слабото издание.
„Ова беше лош ден, лош викенд. Немам што да кажам, да додадам, долго, долго време не сум имал толку лоша трка. Секој нов ден е лекција, не знам што точно се случи, но мило ми е што се заврши. Се удрив во ѕидот и морав да чекам да ми се наместат гумите, што беше мој пропуст. Потоа ми беа ставени погрешни гуми, како што реков целиот лош настап е комбинација на многу работи и мило ми е што овој лош викенд за нас конечно заврши“ – истакна Хамилтон.
Интересно, Британецот на крајот дури и освои бодови откако му беше доделено деветтото место по казните што стјуардите ги изрекоа по завршувањето на трката.