Брод на италијанската крајбрежна стража со 130 мигранти пристигна во военото пристаниште во близина на Катанија, но Италија чека договор со Европската Унија пред да дозволи да се симнат мигрантите, објави агенцијата „Френс прес“.
Крајбрежната стража во четвртокот пресретна два брода со околу 140 мигранти кои тргнале од Либија во Европа.
Италијанските власти дозволија шестмина од нив, кои имале потреба од медицинска помош, да се симнат на Лампедуза.
Една жена во седмиот месец од бременоста, нејзините две деца и партнер добија дозвола да се симнат од бродот во Катанија по пристигнувањето.
Министерот за внатрешни работи, Матео Салдини, потврди дека на другите мигранти ќе им биде дозволено да се симнат само со план за нивно згрижување и во други земји на Европската Унија.