Дали дезинформаторот Антонио Милошоски сменил професија, па се вработил да штанца текстови во Центарот за дезинформации на ВМРО-ДПМНЕ?
Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ стана дезинформ биро.
Додека ВМРО-ДПМНЕ тоне, официјални податоци покажуваат дека економијата расте.
За две години отворени се 49.000 работни места, а невработеноста опадна на историски најниско ниво од 17,8 отсто, растат платите и пензиите, а рекорден раст од 260 отсто бележат странските инвестиции.
ВМРО-ДПМНЕ тоне во лажни вести додека над 3.100 вработени во градинките и над 1.700 вработени со секторот социјална заштита добиваат поголеми плати за над 3.000, односно за над 4.000 денари.
ВМРО-ДПМНЕ тоне додека кај секој граѓанин државата враќа 15 отсто од платеното ДДВ.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ останува осамена во дејствувањето против интересите на граѓаните и државата.