Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала вчера ја погоди Јапонија, во близина на јужниот дел на островот Хоншу, соопшти Европскиот центар за следење на земјотреси (ЕМСЦ).
Засега нема информации за жртви, нити за материјална штета, пренесоа британските медиуми.
ЕМСЦ соопшти дека, според проценките, на подрачјето на кое е регистриран земјотресот, живаеат околу 30 милиони лица.