Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи вчера во периодот од 06.00 до 24.00 часот спроведе контрола на брзина на движење на моторни возила. Од извршената контрола од страна на полициски службеници утврдено е дека 37 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Откриени се и 71 останати прекршоци.
МВР денеска соопшти дека синоќа од 21.00 до 24.00 часот е спроведена контрола за прекршоци што ги прават возачи на мотори, при што се откриени и санкционирани 26 прекршоци. Покрај тоа, констатирани се уште 43 останати прекршоци.
На 28.07.2019 (недела) во периодот од 00.00до 05.00 часот е спроведена контрола за откривање возачи кои управуваат под дејство на алкохол, при што од страна на полициските службеници кај 13 е утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 37 останати прекршоци.