Драчевци во петокот ги поздравија европските шампиони во ракомет. Иако почнаа подготовките, ракометарите на Вардар најдоа време да се подружат со жителите на населбата, па се нагостија во пицеријата „Ла гондола“.
Специјално за оваа прилика дојде и поранешниот ракометар на Вардар, Игор Караџиќ кој уживаше во вечерта со своите поранешни соиграчи, а од есен, лути ривали.
Шампионите одвоија време за секој од гостите кој сакаше да се фотографира со нив за веќер која долго ќе ја паметат.