Верстапен славеше на Големата награда на Германија

Макс Верстапен од тимот на „Ред бул” е освојувач на годинешната Голема награда на Германија.

Холанџанецот извози 64 круга на патеката Хокенхајмринг  со време 1 час 44 минути 31 секунда и 275стотинкиВторото место му припанда на Германецот Себастијан Ветел од Ферари, кој направи голем пресврт, односно до второто место стигна откако стартуваше последен. Третото место му припадна на Русинот Квјат Даниил од „Торо Росо”.

Луис Хамилтон остана без бодови на оваа трка, што ја заврши на 11-то место, но сепак останува на чело на Генералниот пласман со 39 бодови повеќе од второпласираниот Ботас.

Верстапен, со денешниот триумф ја ублажи меѓусебната бодовна разлика со лидерот на табелата Хамилтон  на 72 бода.

Треба да знаете
Последни објави