Кога успеал да се собере, пливал полека, чувајќи ја својата енергија и чекајќи некој да го спаси. Одеднаш станал свесен дека веројатно не е сам, а тоа го увидел откако од длабочините почнале да се појавуваат темни сенки. Индискиот океан спаѓа во еден од најопасните води на светот. Тоа е најмалиот океан на земјата, но е познат по бројните видови ајкули, како големата бела ајкула. Ни тука опасноста не запира, Индискиот океан изобилува со отровни животни, како медузи.
– Само видов ајкула пред мене и помислив “Боже колкава е“. Изгледаше огромна како автобус. Сфатив дека е гребенска ајкула со црн врв, позната по црните врвови на пераите, вид кој не јаде луѓе. Помислив дека таа ми е можеби единствена можност за преживување,некако да се фатам за неа, да ме одвлече до гребенот. Отплива, а мене ми потоноа надежите, раскажува Брет.
Кога се стемнило Брет само полека пливал и размислувал за својата сопруга, довикувајќи го нејзиниот лик во мислите за да добие сила.
Одеднаш почувствувал голема болка – наишол на медуза која го допрела по главата и остатокот од телото. Ја преживеал ноќта ни сам не знае како, но утрината го дочекала нова криза.
Освен пераи од ајкули и медузи кои повремено гледал, се соочувал со идејата дека тоа е неговиот крај – дека ќе умре и никој нема да го пронајде.
Во еден момент одлучил да се препушти и да потоне. Сепак после една минута помината под вода, инстинктот го натерал да отплива на површина.
Неговите пријатели воочиле дека го нема дури во 16 часот.
Барале од капетанот да пребара се, но без успех. После повеќе од 28 часа бил пронајден во опасните води.
Имал опекотини од сонце и од медузи, бил дехидриран, но жив.