На британски крузер избила масовна тепачка во која повредени се шестмина луѓе, а две лица се уапсени. Повредени се тројца мажи и три жени, здобивајќи се со модринки и исекотини.
Како што пренесува Би-би-си, за време на тепачката, тие користеле мебел и чинии како оружје. Бродот пловел во Саутемптон, по седумдневен пат околу норвешките фјордови.
Уапсени се 43-годишен маж и 41годишна жена од Есекс, осомничени за напад.