Дебаклот од 7:3 од градскиот ривал, Атлетико Мадрид, ги запали алармите кај навивачите на Реал Мадрид. Навивачите се незадоволни од начинот на кој играат новите фудбалери за кои клубот потроши нешто повеќе од 300 милиони евра, а уште поголем проблем претставува тешката повреда на Марко Асенсио кој ќе ја пропушти целата сезона.
Во анкета на весникот „Марка“ на која учествуваат околу 200.000 навивачи на Реал Мадрид, повеќе од 70 проценти од испитаниците сметаат дека трансфер политиката на клубот е лоша и дека средниот ред не е доволно силен.
Според навивачите, од новите засилувања единствено Еден Азар е способен да игра во првиот тим, додека однесувањето на староседелците Начо, Марсело, Тони Крос, Лукас Васкез, Иско, Карим Бензема и Лука Модриќ на подготовките било „проблематично“.