Арсенал постигнал договор со францускиот Лил во врска со доведувањето на крилниот напаѓач Николас Пепе во редовите на „топџиите”.
Како што наведува новинарот на Би-Би-Си Спорт, Дејвид Орнстејн, вредноста на овој трансфер се проценува на 80 милиони евра, износ што лондонскиот клуб ќе го отплаќа на рати.
Претседателот на Лил, Жерард Лопез вчера потврди дека во клубот се дојдени понуди од многу европски клубови, од кои го спомна само Наполи, кој исто така понудил 80 милиони евра, но, сепак, ќе му остават на Пепе да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата
Пепе, минатата сезона постигна 22 гола во француското првенство па застана на второто место на стрелци по Мбапе кој имаше 33 постигнати голови, а моменталната вредност на пазарот на трансфери му изнесува 65 милиони евра.