Сириската армија воспостави контрола врз две села во провинцијата Хама

Сириските безбедносни сили поддржани од руската армија денеска вратија под своја контрола две села во северозападна Сирија, што беа под контрола на бунтовниците околу два месеца.

Сириската армија воспостави контрола врз селата ал-Џабен и Тел Малег во провинцијата Хама.
Селата се важни бидејќи сириската Влада ги користи за прераспоредување на трупите.

Според Сириската опсерваторија за набљудување на човековите права, со седиште во Лондон, при заземањето на селата загинале голем број војници.

Треба да знаете
Последни објави