Азар мора да „стопи” седум килограми

Новата ѕвезда на Реал Мадрид, Еден Азар, ја започна летната предсезонска подготовка со седум килограми прекумерна тежина, пишува шпанскиот новинар Диего Романо во социјалните мрежи.

Белгискиот играч од средниот ред учествуваше во првите три контроли на „белите” – со Баерн, Арсенал и Атлетико Мадрид, во две од кои неговиот тим доживеа пораз и Азар беше далеку од својата најдобра форма.

Фановите коментираат на социјалните мрежи дека Азар изгледа значително позаоблен од денот кога го потпиша договорот со тимот минатиот месец.

Белгиецот се пресели во Реал Мадрид од Челзи за 100 милиони евра. Износот може да се зголеми за уште 45 милиони во форма на бонуси.

Треба да знаете
Последни објави