Боки 13 од Шутка префрлен во болница, имал претходно закажано операција

Бојан Јовановски првоосомничен во случајот „Рекет“ денеска е пренесен на скопските клиники поради испитувања за закажана операција од претходно, потврди за Фокус Есад Рахиќ, директорот на затворот во Шутка. Според извори од Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ направени се неколку прегледи.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 15 јули го отвори случајот за рекетирање во кој првоосомничен е шоуменот Бојан Јовановски-Боки 13 и второосомничен бизнисменот Зоран Милески-Кичеец.

 

Треба да знаете
Последни објави