Веруваме дека во рамки на пратеничките групи ќе се изнајде конструктивно решение за пописот

Пратеникот Костадин Костадинов смета дека во рамки на пратеничките групи ќе се изнајде конструктивно решение за пописот откако на барање на опозицијата која има различни статови во однос на Законот за попис, беше одложена комисијската седница.

 Јас сум секогаш оптимист. Во Собранието, како пратеници кои што одлучуват согласно сопственото убедување, верувам дека во рамки на пратеничките групи може да се изнајде решение кое што ќе биде конструктивно, кое што ќе биде во интерес на државата, особено во интерес на спроведувањето на попис, кој што знаеме дека 16 години не се спроведува, заради политички калкулации во нашата држава. Оптимист сум дека ќе се изнајде решение и конечно после 16 години ќе го спроведеме пописот како неопходна операција која што мораме да ја спроведеме во интерес на развојот и напредокот на нашата држава, секако и општините во неа, Костадинов.

Треба да знаете
Последни објави