Виетнам заплени рогови од носорози вредни четири милиони долари

Виетнамските царински власти запленија 125 килограми рогови од носорог во вредност од 4 милиони долари во пратка која била пратена по воздушен пат, објави државната телевизија „Виетнам њуз“.

Телевизијата објави дека 55 рогови од носорози биле сместени во внатрешноста на гипс блокови и биле пронајдени во четвртокот, објави агенцијата АП.

Според властите, пратката била предадена како материјал кој не се даночи, со цел да се избегнат царинските проверки на меѓународниот аеродром во Ханој.

Виетнам и Кина се чести дестинации за шверц на рогови од носорог, бидејќи многумина веруваат дека тие лечат разни болести, вклучувајќи и рак.

Треба да знаете
Последни објави