Најздравото кафе за организмот!
Без разлика дали имате висок холестерол или се плашите дека ќе го добиете, сигурно барате начини да го спречите и со помош на исхраната да го намалите.
Сега треба да знаете дека можете да го намалите нивото на холестерол веднаш штом ќе станете! Важно е само да ја изберете вистинската врста на кафе!
Верувале или не, одредени видови на кафе може да влијаат и на зголемување на холестеролот поради некои состојки кои ги содржат.
Затоа, грчкото фрапе е идеалното кафе за оние со висок холестерол!
– Тоа е затоа што т.н. грчко фрапе има помалку кофеин од француското и турското кафе – вели др. Роб Дам, од Медицинскиот Универзитет Харвард.
Општо земено, фрапето содржи помалку кофеин од сите други видови на кафе, едвај 27 милиграми, колку што се препорачува.
А еве и рецепт како се прави на грчки начин:
Се што ви е потребно е нескафе, шекер, млеко и мраз.
Подготовка:
Во шејкер ставете 1,5 кафена лажичка шекер, 1,5 кафена лажичка кафе, два прста вода и измешајте.
Ставете неколку коцки мраз и во висока чаша ставете го кафето, додадете уште малку вода и малку млеко (по желба).
Вашето грчко фрапе е подготвено.