Апелациониот суд Скопје донесе одлука на поранешниот претседател на Основниот кривичен суд Скопје, Владимир Панчевски да му се суди во Основниот суд Велес, бидејќи обвинетиот е судија во Основниот кривичен суд Скопје, соопшти судот. Панчевски е обвинет за Злоупотреба на службена положба и овластување за местење судски предмети.
-Апелациониот суд – Скопје до Основниот кривичен суд – Скопје достави решение со кое советот на второстепениот суд, постапувајќи по предлог на судија – поединец од кривичниот суд за пренесување на месна надлежност и определување друг суд кој ќе постапува по предметот К.бр. 1292/19 оформен по поднесен обвинителен предлог на ОЈО – Скопје против В.П. за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување, согласно член 27 ст.3 в.в. ст.4 од ЗКП го уважи предлогот. Второстепениот суд утврдил дека обвинетиот е судија во конкретниот суд и со цел да се исклучи секакво сомневање во непристрасноста на првостепениот суд што би можела да влијае врз перцепцијата за објективноста на судот, како и согласно член 6 од Европската конвенција за човекови права, постојат причини за пренесување на стваранта надлежност.Со решението на Апелациониот суд – Скопје, Основниот суд Велес се определува за стварно и месно надлежен суд да постапува по конкретниот предмет,, информираат од Основен суд Скопје1.