Телеметриската сеизмолошка мрежа вечерва во 20 часот и 33 минути регистрираше земјотрес чии епицентар се наоѓа на 200 километри југоисточно од Скопје и потекнува соседна Грција.
Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда од 3.8 степени, а беше почувствуван од населението во Гевгелија и околината, со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.