Иран: Преговори со САД се можни ако водат кон реални резултати

Преговори меѓу Иран и САД би биле можни ако агендата обезбеди конкретни резултати, но Вашингтон не бара дијалог, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави.

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека е подготвен да преговара со Исламската Република Иран.

-Дијалог и преговори може да се спроведат кога имаме некаков дневен ред и кога можеме да оствариме реални и практични резултати со тоа, рече Мусави.

Сепак, тој истакна дека Вашингтон не сака разговори и не бара дијалог.

Треба да знаете
Последни објави