Концерт „Разновидна екстраваганција во музичката кошница” на Божена Корчинска и Богдан Кожушко

Концерт „Разновидна екстраваганција во музичката кошница” на 
Божена Корчинска и Богдан Кожушко во инструментален состав – украинска надолжна флејта и хармоника, ќе се одржи вечерва во Музејот на македонската борба.

Божена Корчинска е една од виртуозните изведувачи на надолжна флејта, наследничка на професионалната уметност на свирење на украинскиот кавал основана од нејзиниот татко во Украина, Мирослав Корчинскиј. Соработува со бројни ансамбли и солисти. Дипломира на Лавовската национална музичка академија „М.Лисенко, М. Корчинскиј” и на Киевската национална музичка академија „П. Чајковски” на катедрата за древна музика.
Богдан Кожушко е роден во 1994 година, во моментов студира на Конзерваторијумот Лавов.
Концертот е во соработка со Амбасадата на Украина.
Треба да знаете
Последни објави