Милошоски: Јанева добила боледување поради анксиозност

Првиот човек на СЈО, Катица Јанева боледува од анксиозност, објави пратеникот од ВМРО, Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил, каде постираше наод од лекарот кој и го издал боледувањето.

-Бидејќи СЈО и Владата кријат и не ги известуваат граѓаните за прашања од јавен интерес, дозволете да им помогнеме:
– Катица Јанева од нејзин познат лекар добила боледување за периодот од 16.Јули до 15.Август 2019 година.
– Боледувањето е дадено врз основа на констатирана анксиозност растројство (F40-48), но засега не се знае дали е полесен случај или состојба која може да влијае на степенот на работната способност. Инаку овие дијагнози се најтешки за контрола и вештачење!
– Таинственоста создава сомнеж дека боледувањето може да биде подготовка на околности за неопределување на мерка притвор или за градење на историјат на болеста на подолг рок, при евентуални подолги судски процеси, пишува Милошоски.

https://www.facebook.com/antonio.miloshoski.9/posts/2772406502788611

Треба да знаете
Последни објави