Митрополитот црногорско-приморски Амфилохиј: СПЦ никогаш нема да ја признае независноста на Косово

Српската православна црква никогаш нема официјално да ја признае провинцијата Косово и Метохија како независна држава, изјави митрополитот црногорско-приморски Амфилохиј во интервју за ТАСС.

„Црквата никогаш не ја прифати и никогаш нема да ја прифати можноста за независност или поделба на Косово, ова е ставот на црквата. Неприфатливо е црквата да ги напушти Дечани, Грачаница и Пеќ . Само за Вучиќ таму нема ништо , само згради во кои никој не живее. Тој верува дека во Косово и Метохија нема ништо, а ако нема ништо, тогаш каде е? Целото нашето историско постоење и модерност е таму,“ вели Амфилохиј.

Според митрополитот, ситуацијата во Косово е тешка не само за Србите, туку и за Косоварите. „Оние што ја презедоа власта на Косово се срам за целата респектабилна албанска нација. Тие го опустошија својот народ, денеска Албанците масовно бегаат од Косово и Метохија.Тие се под закана во морална и физичка смисла, живеат од шверц со дрога, злосторствата извршени таму се незамисливи. Ако ЕУ им даде визи, а верувам дека тоа треба да се направи, сите тие ќе си заминат”.

Во изминатата година Белград и Приштина активно разговараа за компромисна одлука во врска со приспособување на границите и размена на територии. САД ја поддржуваа оваа идеја, инсистирајќи на конечен договор кој ќе предвиди приспособување на границата помеѓу Србија и Косово.

Но германската канцеларка Ангела Меркел се спротивстави на предлогот за промена на границите на Балканот, истакнувајќи дека сите земји во регионот имаат изгледи да се приклучат кон европската заедница во сегашната состојба.

Треба да знаете
Последни објави